Утрински Весник
Македонија

Фатени деветмина мигранти во возило во Конче, се трага по возачот

Фатени деветмина мигранти во возило во Конче, се трага по возачот

Деветмина мигранти ноќеска биле пронајдени во возило на локалниот пат за с.Габревци, општина Конче, во близина на крстосницата кон с.Конче, с.Ракитец и брана Мантово.

Според информациите, полициски службеници ги пронашле мигрантите во автомобил „санг јонг“, без регистарски ознаки, од кои пет биле од Индија а четворица од Пакистан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“

Мечка угината во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово

Приведени 12 возачи, 10 возеле без положен возачки испит