Нов ден од руската инвазија на Украина
Клучни настани
Експлозии во украинските градови Николаев, Кропивницки и Днепар
Русите се доближуваат до Киев, пукаат во населени места
Зеленски до руските мајки: Не ги праќајте вашите деца во војна во Украина
Договорени се повеќе хуманитарни коридори за Суми
Од минута во минута:
10.35 САД воведоа санкции за 12 пратеници и сопругата и децата на Дмитриј Песков
САД воведоа санкции за 12 пратеници на руската Државна дума, односно на Долниот дом на парламентот и на сопругата и возрасните деца на прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс
10.20 1,6 милиони луѓе избегаа од Украина во Полска
Речиси 1,6 милиони луѓе побегнале од Украина во Полска од почетокот на војната, соопшти денеска полската агенција за гранична стража, пренесува Би-Би-Си
10.15 Украинско Министерство за одбрана: Непријателските сили уништени во воздушни напади
Утрово украинското Министерство за одбрана ја објави снимката и нагласи дека непријателските сили на патот кон Киев биле уништени со воздушен напад
10.10 Во Харков загинаа пет лица, меѓу кои две деца
Украинската државна служба за итни случаи (СЕС) објави дека спасувачите во Харков пронашле тела на пет лица, меѓу кои и две деца, кои загинаа кога руски бомби погодија станбена зграда во селото Слобожанске надвор од градот
10.00 Британско Министерство за одбрана: Русите се обидуваат да го опкружат Киев, обидувајќи се да ја намалат ранливоста на контранапади
Поголемиот дел од руските копнени сили моментално се наоѓаат на околу 25 километри од центарот на украинската престолнина Киев, објави во саботата Министерството за одбрана на Велика Британија во најновата разузнавачка проценка.
09.50 Зеленски испрати порака до руските мајки: Не ги праќајте вашите деца во војна во Украина
Володимир Зеленски, претседателот на Украина, во своето последно видео обраќање ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на боиштата
09.40 Руските сили гранатираа онколошка болница
Руските сили ја гранатираа регионалната онколошка болница во Миколаев, објави шефот на градската регионална здравствена управа, Максим Безносенко
09.30 Договорени се повеќе хуманитарни коридори за Суми
Неколку хуманитарни коридори се договорени во саботата наутро за североисточниот град Суми во конфликт
09.20 Гори магацин за муниција во близина на Киев
Според полициските извештаи, пожарот избувнал по силен руски напад со 6 проектили на локалниот воен аеродром околу 7 часот
09.10 Русите се доближуваат до Киев, пукаат во населени места
Американската компанија Maxar објави нови сателитски снимки на кои се гледа како куќите горат додека руските воени трупи се повеќе напредуваат кон главниот град на Украина
09.00 Експлозии во украинските градови Николаев, Кропивницки и Днепар
Во неколку украински градови утринава се слушнале експлозии на кои им претходеле алармни сирени, јавуваат украинските медиуми