Утрински Весник
Спорт

„Франс фудбал“ ги смени правилата за „Златната топка“

„Франс фудбал“ ги смени правилата за „Златната топка“

„Франс фудбал“ ги потврди промените на повеќе правила при доделувањето на најелитното индивидуално достигнување во фудбалот „Златната топка“, која сега ќе се доделува во однос на една фудбалска сезона, наместо по календарска година.

„Балон д’ор“ традиционално се доделуваше на најдобриот фудбалер во 12-месечен период, земајќи ги во предвид перформансите од јануари до декември, но сега ќе се гледа една сезона, почнувајќи од 2011/22, која ќе заврши со женското Европско првенство кое ќе се оддржи од 6 јуни до 31 јули. Во исто време, Светското првенство, кое ќе се оддржи во Катар од 21 ноември до 18 декември ќе биде вклучено во наградата за 2023 година.

Главната причина за оваа промена е што досега се сметаа две полусезони – од јануари до јули и од август до декември, и сега подобро ќе може да се оцени кој имал подобра сезона.

Меѓу другите промени се зголемувањето на бројот на номинации за наградата – кај мажите тоа ќе го направат новинарите од „Л’Екип“ и „Франс фудбал“, како и тие од амбасадорот на наградата, Дидие Дрогба.

Од друга страна, ќе се намали бројот на тие кои гласаат, со претставници само од топ 100 нации на ФИФА ранкинг листата (топ 50 кај жените).

> „Франс фудбал“ ги смени правилата за „Златната топка“ <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија