Утрински Весник
Спорт

Фановите на Лидс бараат Езгјан Алиоски да се врати на „Иланд Роуд“

Фановите на Лидс бараат Езгјан Алиоски да се врати на „Иланд Роуд“
Dik 300x250 mk

Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед запиша нов пораз пред своите навивачи, овојпат загуби убедливо (0:3) од Астон Вила, а фановите се разочарани од игрите на своите миленици. Не помогна ниту промената на менаџерската позиција откако Џеси Марш го замени Марсело Биелса.

Интересно е дека фановите на Лидс Јунајтед бараат во клубот да се врати македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Тој остави одличен впечаток на „Иланд Роуд“ пред да замине во Саудиска Арабија, а неговиот наследник Жуниор Фирпо игра очајно во дресот на Лидс.

Тимот во овој момент има 23 бода, два повеќе од Барнли и очигледно дека ќе се бори за опстанок во англиската фудбалска елита.

> Фановите на Лидс бараат Езгјан Алиоски да се врати на „Иланд Роуд“ <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино

Вардар се врати на првото место на табелата

Ѓоковиќ ја освои 101та титула