Утрински Весник
Свет

Исламската држава ја потврди смртта на својот лидер и назначи нов

Исламската држава ја потврди смртта на својот лидер и назначи нов

Исламската држава во четвртокот ја потврди смртта на својот лидер Абу Ибрахим ал Хашими ал Кураши и го прогласи Абу ал Хасан ал Хашими ал Кураши за нов лидер.

Американските специјални сили го убиле водачот на џихадистичка група во напад во северозападна Сирија, изјави претседателот Џо Бајден во февруари.

Смртта на Кураши (45) беше уште еден тежок удар за Исламската држава две години откако насилната сунитска муслиманска група го загуби долгогодишниот водач Абу Бакр ал-Багдади во сличен напад во 2019 година.

Можете да прочитате

Рубио: САД не сакаат договор со Иран по секоја цена

ИРГЦ: Секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има дозвола од Иран

Раздор меѓу Трамп и Нетанјаху: Привремен спор или пресвртница за односите меѓу САД и Израел