Утрински Весник
Свет

Заменик градоначалникот на Мариупол: Од улиците собравме 1.207 тела

Заменик градоначалникот на Мариупол: Од улиците собравме 1.207 тела

Заменик-градоначалникот на Мариупол, украинскиот пристанишен град под опсада на руската армија, вели дека не знае колку луѓе загинале во руските напади, но последната бројка е 1.207.

„Ова се само тела што ги подигнавме од улиците“, изјави Серхи Орлов за Би-Би-Си.

Тој додаде дека 47 луѓе биле закопани во масовни гробници поради постојаното гранатирање, не можело да се стигне до гробиштата надвор од градот. Меѓу нив има луѓе кои не се идентификувани“, рече Орлов.

Тој додаде дека евакуацијата од градот, исто како и испораката на помош во градот, не е можна.

„Околу 100 луѓе вчера се обидоа да избегаат со приватни автомобили, но руските сили ги пречекаа на контролните пунктови, пукаа во воздух и ги принудија да се вратат“, рече тој.

Можете да прочитате

Трамп: Иран се согласи да се откаже од нуклеарен материјал

Утре се одржуваат парламентарни избори во Данска

Експерт од ЕК: Во кризи, граѓаните мора да бидат подготвени 72 часа за справување додека не пристигне помош од владата