Утрински Весник
Свет

Путин за санкциите: Западот ни создаде проблем, но ние ќе го решиме

Путин за санкциите: Западот ни создаде проблем, но ние ќе го решиме

Рускиот претседател им се обрати на граѓаните на државната телевизија. Тој зборуваше за западните земји, за кои рече дека „преземаат непријателски потези против руската економија“, мислејќи на санкциите што Западот ги воведе кон Русија поради нападите врз Украина.

„Санкциите создадоа некои проблеми и тешкотии, но ние ќе ги решиме“, додаде тој.

Путин рече дека на долг рок Русија „ќе биде уште понезависна и посуверена“.

Тој наведе дека побарувачката за одредени видови стоки расте, додавајќи: „Луѓето ќе сфатат дека нема ништо што не можеме да го решиме“.

Путин додаде дека Русија ги исполнува своите обврски за снабдување со горива и дека не може да биде обвинета за поскапувањето.

„Тоа е резултат на нивното погрешно проценување, не не’ обвинувајте нас“, рече тој.

Можете да прочитате

Во Бахреин уапсени над 40 лица поврзани со Иранската револуцеионерна гарда

Маѓар положи заклетва и стана нов унгарски премиер

Песков: Германија оди по многу опасен пат