Утрински Весник
Свет
Img 7972

За прв пат во историјата Унгарија има претседателка

За прв пат во историјата Унгарија има претседателка
Img 7972

Унгарскиот парламент денеска ја избра Каталин Новак од владејачката партија Фидес за нов шеф на државата, со што стана првата жена избрана на таа функција во историјата на Унгарија.

Новак (44) досега ја извршуваше функцијата министер без ресор задолжен за семејни прашања. Таа ќе ја преземе функцијата од актуелниот претседател Јанош Адер, на кој му завршува вториот претседателски мандат.

Новак освои 137 гласа, врз основа на резултатите објавени на веб-страницата на парламентот, додека кандидатот на опозицијата Петер Рона доби 51 глас.

Во говорот пред гласањето, Новак рече дека ќе го брани уставот подготвен и одобрен од Фидес, кој, според Ројтерс, само ги зајакна клучните точки од конзервативната агенда на Орбан.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД