Утрински Весник
Свет

Песков: Западот води економска војна против Русија

Песков: Западот води економска војна против Русија

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека економските санкции против Русија се сосема без преседан, и го обвини Западот дека води економска војна против неговата земја.

Песков ги припиша високите стапки на инфлација на „шокантно надворешно влијание“ врз руската економија.

Од почетокот на инвазијата на Украина, санкции кон Русија беа воведени, меѓу другото, од САД, Европската Унија и Обединетото Кралство.

„Има негативни последици. Тие ќе бидат минимизирани. Во моментов ситуацијата е турбулентна“, изјави Песков, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека веќе се применети мерки за да се смири ситуацијата, но дека Русија треба да дејствува за да ги минимизира последиците и дополнителните ризици.

Можете да прочитате

Заканата од Кина за Гренланд е мит, вели Пекинг

Неколку лица се водат како исчезнати во свлечишта и поплави низ Нов Зеланд

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство