Утрински Весник
Економија

Бочварски: Ја зголемуваме динамиката на реконструкција на локалните улици во општините

Бочварски: Ја зголемуваме динамиката на реконструкција на локалните улици во општините
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и државниот секретар Митко Трајчулески денеска остварија работна средба со делегација од Светска банка предводена од Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка за Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за реализација на инфраструктурните проекти што се реализираат со финансиска поддршка од Светска банка.

Министерот ги потенцираше проектите за “Зајакнување на транспортната трговија” и за “Изградба и санација на локалните улици и патишта”, како еден од клучните за развој на општините и подобрување на локалната економија.

Проектот е вреден 70 милиони евра. Во овој момент привршуваат работите на реконструкција на 62 улици низ општините со преку 60 километри. Министерството за транспорт и врски објави и трет јавен повик за реконструкција на 17 улици во девет општини.

“ Разговорите беа во фокус на реализација на капитални проекти финансирани од Банката. Имаме добар напредок во проекот за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта и ова е еден многу значаен проект во Министерството со кој даваме силен инпут на општините. Зборувавме и за реализација на други капитални проекти и очекуваме Банката и во следниот период да биде силен поддржувач на нашата држава во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура”, изјави Бочварски.

На средбата се зборуваше и за проектот за реконструкција на граничните премини Деве Баир и Ќафасан.

Можете да прочитате

Минималната плата под прагот на сиромаштија, секое трето дете живее во беда

Еве кога ќе започне исплатата на декемвриските пензии

Бислимовски: Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне