Утрински Весник
Свет

Француски министер: За членство на Украина во ЕУ е потребно време

Француски министер: За членство на Украина во ЕУ е потребно време
Dik 300x250 mk

Влезот на Украина во Европската унија не е нешто за што може да се одлучи утре, изјави францускиот министер за европски прашања Клемент Бон.

„ Ќе биде потребно време“, додаде Бон, мислејќи на разговорите во меѓународните политички кругови за тоа дали да и се дозволи на Украина брзо да се приклучи на ЕУ како гест на солидарност поради руската инвазија, пренесува „Ројтерс“.

Лидерите на ЕУ денеска се среќаваат во Версај на неформален самит посветен на руската воена агресија врз Украина и нејзините последици.

Тие треба да разговараат за зајакнување на европскиот суверенитет, одбрана, намалување на зависноста од руската енергија и нови начини за раст и инвестирање во европската економија, како и за економска и хуманитарна помош на ЕУ за Украина и санкции за Русија и Белорусија, соопштено е во Брисел.

Лидерите на Европската унија постепено ќе го напуштат купувањето на руска нафта, гас и јаглен бидејќи војната на Москва против Украина покажува дека ЕУ мора да биде помалку зависна од Русија, но на Киев најверојатно нема да му биде понудено брзо членство во ЕУ, се вели во нацрт-декларацијата, во која „Ројтерс“ имаше увид.

Можете да прочитате

Комбе со австриски и шпански новинари нападнато со дрон во источна Украина

Ердоган: Победата во Нагорно Карабах ќе доведе до траен мир со конструктивен став на лидерите

Путин го именува генерал Булига за заменик секретар на Советот за безбедност на Русија