Утрински Весник
Спорт

Вардар во финишот го „торпедираше“ Елверум, следува Веспрем

Вардар во финишот го „торпедираше“ Елверум, следува Веспрем

Вардар со убедливи 39:30 (17:16) го декласираше норвешкиот Елверум во последното коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампиони, за да го потврди петтото место во групата Б и пласман во осминафиналето, каде што ги чека унгарскиот гигант и стар познаник, Веспрем.

Мечот немаше резултатска важност ниту за гостите, откако ППД Загреб загуби со 31:25 од Алборг, со што Елверум го обезбеди шестото место на табелата, зад Вардар.

Во текот на целиот меч, тимот на Дејвид Дејвис доминираше, иако гостите успеаја да се доближат во последните 15 минути, пред да следува атомски финиш на „црвено-црните“.

Тимур Дибиров заврши со 7 гола, Оливие Њокас имаше 6, а неговиот брат Кевин 5 гола, додека Ерик Јохансен беше најефикасен за Елверум со осум гола.

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

> Вардар во финишот го „торпедираше“ Елверум, следува Веспрем <

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига