Утрински Весник
Економија

Ограничен е извозот на сончогледовото масло до 31 мај

Ограничен е извозот на сончогледовото масло до 31 мај

На денешната седница Владата донесе Одлука за ограничување на извозот на масло од сончоглед.

Од Владата велат дека мерката е донесена поради сериозни пореметувања на домашниот пазар и почнувајќи од денеска забранат ќе важи до 31 мај.

Оваа одлука е донесена врз основа на Законот за трговија, кој предвидува дека на предлог на Министерството за економија, Владата може да го ограничи извозот или увозот на одделни стоки или да пропише посебни услови за увоз или извоз.

Можете да прочитате

Бакарот поскапува, Бугарија профитира – Македонија сè уште чека на Иловица

Охрид домаќин на регионална конференција за еврозоната и Западен Балкан

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП