Утрински Весник
Економија

Демократски сојуз: Да ги помогнеме земјоделците

Демократски сојуз: Да ги помогнеме земјоделците

Демократскиот сојуз предлага Владата на дневна основа да ги следи состојбите во Украина и да презема мерки за ублажување на последиците со цел животот да се одвива нормално и да се води сметка за социјално загрозените категории граѓани.

Во оваа насока, од партијата наведуваат дека посебно е битно да се поттикне производството на стратешки производи: пченка, јачмен, репка, ориз, како и одгледување на сточен фонд.

„Цените на нафтата и гасот треба да се одржуваат во прифатливи рамки преку намалување на ДДВ и акцизите. Во овие неизвесни состојби посебно за извоз на раноградинарски производи, ги повикуваме граѓаните да ги купуваат истите со цел да се намалат штетите и опстои производството.

Војната во Украина можно е да трае подолго, поради што неопходно е државните институции да се подготват за дејствување во сложени состојби, но не смеат да се блокираат реформите, клучни за евроинтеграцијата на земјата“, се вели во соопштението.

Европската Унија треба да направи исчекор и да ги отвори преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ, додаваат од Демократскиот сојуз.

Можете да прочитате

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло