Утрински Весник
Свет

Зеленски: Благодарен сум му на претседателот Бајден, тоа беше најсилниот сигнал за целиот свет

Зеленски: Благодарен сум му на претседателот Бајден, тоа беше најсилниот сигнал за целиот свет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава во своето видео обраќање испрати силна порака до своите сограѓани.

Обраќањето започна со важна вест, велејќи дека САД направиле значаен чекор во ослабувањето на Русија и дека агресијата и криминалот што го направиле ќе ги чинат. Зеленски изрази благодарност до американскиот претседател Џо Бајден за одлуката да се забрани увозот на руска нафта и гас.

– Благодарен сум му на претседателот Бајден. Ова е најсилниот сигнал за цел свет. Едноставно е, секој денар платен на Русија се претвора во куршум или проектил испукан кон суверена држава – рече Зеленски.

Во описот на видеото на неговата официјална страница на Фејсбук, тој рече дека светот не верува во иднината на Русија.

– Светот не верува во иднината на Русија, не зборува за тоа. Тие зборуваат за нас. Ни помагаат. Тие се подготвуваат да го поддржат нашето обновување. По војната. Затоа што сите видоа дека за луѓето кои толку херојски се бранат, ова „по војната“ сигурно ќе дојде – напиша Зеленски.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа