Утрински Весник
Економија

Светска банка останува посветена на поддршката на приоритетите на Владата

Светска банка останува посветена на поддршката на приоритетите на Владата
Dik 300x250 mk

На денешната 21-ва седница на Владата беше презентирано портфолиото на Светска банка за Република Северна Македонија за тековниот период, како и за наредната фаза на соработката со оваа меѓународна финансиска институција.

Во презентацијата на Линда Ван Гелдер, регионална директорка на Светска банка за Западен Балкан и на Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка во Северна Македонија, беше истакнато дека банката продолжува да ги следи приоритетите на Владата, со поддршка којашто од 1991 години до денес изнесува 2,8 милијарди долари.

Актуелното портфолио на Република Северна Македонија опфаќа 9 големи проекти вредни 480 милиони долари кои опфаќаат проекти од автопатната, магистралната и локалната инфраструктура, проекти за унапредување на образованието, во здравството, како и проекти за социјална инклузија, информираат од Владата.

Светска Банка, беше истакнато на презентацијата, заедно со Владата, останува посветена и на континуитетот на поддршката на платниот биланс на финансискиот систем и особено во проекти за инвестирање во човечкиот капитал во образование, социјална заштита и здравството.

Можете да прочитате

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје