Утрински Весник
Магазин

Лејди Гага тргнува на светска турнеја

Лејди Гага тргнува на светска турнеја

Лејди Гага најави промени во датумите на концертите на својата многу пати одложувана светска турнеја Chromatica Ball, на која планира да одржи 14 концерти.

Поп-дивата ќе ја почне турнејата на 17 јули во Дизелдорф, Германија, потоа ќе настапи во уште четири европски градови, а во август ќе продолжи со концерти во северноамериканските градови.

Дизелдорф е единствениот град во Германија каде што ќе настапи и има предност пред главниот град Берлин и другите поголеми германски градови како Минхен и Хамбург.

Покрај Дизелдорф, нејзината турнеја што ќе трае до средината на септември вклучува и настапи во Стокхолм, Париз, Лондон, Торонто, Вашингтон, Бостон, Чикаго, Атланта, Сан Франциско и Лос Анџелес.

Можете да прочитате

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот

Како да му дадете на телото пауза по празничните оброци?