Утрински Весник
Спорт

Мбапе го пропушта реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите?

Мбапе го пропушта реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите?

Францускиот клуб Пари Сен Жермен е во голема неволја поради повредата на напаѓачот Килијан Мбапе, по што неговиот настап на реванш натпреварот од осмина-финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид е неизвесен.

Мбапе не беше дел од тимот на ПСЖ во поразот од Ница во француското првенство, но официјалната информација беше дека отсуствува поради жолти картони. Сепак, очигледно дека тој има проблеми и со повреда.

Неговото евентуално неучество на натпреварот в среда на „Сантијаго Бернабеу“ е уште поинтересно ако се знае дека Килијан Мбапе е во завршни преговори со Реал Мадрид за да направи трансфер по завршувањето на сезоната како слободен агент.

Мбапе го постигна победничкиот гол за ПСЖ на првиот осмина-финален натпревар против Реал Мадрид на „Паркот на принцовите“.

> Мбапе го пропушта реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите? <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен