Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс бесна на семејството: Нема да застанам додека не ја добијам правдата

Бритни Спирс бесна на семејството: Нема да застанам додека не ја добијам правдата
Dik 300x250 mk

Бритни Спирс го нападна своето семејство во прилично остра објава на Инстаграм во неделата, во која се закани дека ќе ја добие правдата за сите работи низ кои поминала во текот на контроверзното старателство.

Покрај фотографиите, Бритни (40) пишува за својот исцрпувачки работен распоред во текот на старателството и тврди дека била повредена од блиските.

Конзерваторскиот надзор над Бритни беше укинат во ноември по цели 13 години, откако судијата пресуди дека повеќе не е потребен. Пред оваа одлука на судот, нејзиниот татко Џејми имаше контрола врз нејзините финансии и личните одлуки.

Отворајќи се за својата тешкотија, Бритни напиша: „Во свет во кој е во ред да ја заклучите ќерката и да ја натерате да работи 7 дена во неделата… 8:00 до 18:00 часот… без слободни денови…“.

„Цели 13 години работев за татко ми и за семејството.“

„Сакам правда и нема да застанам додека не ги донесам пред лицето на правдата оние кои ме повредија… и ДА, бев повредена !!!! Ова е порака до сите на кои им се заканувале по живот… НЕ СТЕ САМИ.“

Можете да прочитате

Денеска се празнува Митровден – 24info.mk

Саем за храна во Скопје – уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети

Растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив