Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Мајки му порачаа на рускиот гувернер: Ги праќаш нашите деца како топовско месо

Мајки му порачаа на рускиот гувернер: Ги праќаш нашите деца како топовско месо
300x250 opst2

На социјалните мрежи се појави видео на кое се тврди дека мајките на руските војници му поставуваат прашања на Сергеј Цивиљев, гувернерот на руската област Кузбас во јужен Сибир.

Видеото најверојатно е снимено во тајност, а околностите под кои Цивиљев се сретнал со мајките не се познати, но она што тој мислел дека ќе биде уште едно јавно обраќање завршило со жестоко прозивање, пишуваат локалните медиуми.

„Бевме измамени. Сите сме измамени“ се слуша гласот на една жена.

Гувернерот одговорил дека никој никого не измамил и дека тоа се вежби.

„Таму отидоа како топовско месо. Како тоа Белорусите не беа испратени на вежбите? Зошто нашите момци беа испратени таму. Тие не се обучени. Па погледнете ги тие момци, тие имаат 20 години. Види, сите се млади. А каде е твојот син?“ прашаа тие.

„Мојот син студира на универзитет“, одговара тој.

„Кажуваат лаги, повторуваат невистини“, велат присутните на средбата.

„Ова е специјална операција, а во овој момент никој не може да коментира за специјалната операција. Така треба да биде. Овие млади момчиња биле искористени. Користени?! Нашите деца беа искористени ?! вели луто една жена,м пренесуваат агенциите.

„Видете, можеме да викаме, да обвинуваме секого и се, но додека трае акцијата не можеме да извлекуваме заклучоци. Кога ќе заврши, а ќе заврши наскоро“, изјави гувернерот.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори