Утрински Весник
Спорт

Проблеми за Португалија пред баражот со Тирција

Проблеми за Португалија пред баражот со Тирција

Три недели не делат од полу-финалните баражи за пласман на Светскот првенство во Катар. Македонија, на 24.март ќе гостува кај Италија, во истиот термин Португалија ќе ја пречека Турција. Победниците во меѓусебен дуел ќе решат кој ќе игра на Мундијалот.

Во пресрет на баражот, португалскиот селектор Фернандо Сантош се соочува со сериозни проблеми.

За дуелот со Турција суспендирани се Жоао Кансело и Ренато Санчез. Столбот во одбраната Рибен Дијаш е повреден, ќе отсуствува околу шест недели, а викендов се повреди и десниот бек Нелсон Семедо. Прогнозите се дека и тој нема да може да му помогне на националниот тим.

На повреда се жали и Кристијано Роналдо. Тој, поради повреда на колкот, не играше за Јунајтед против Сити.

> Проблеми за Португалија пред баражот со Тирција <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал