Утрински Весник
Спорт

Партизан победи со контроверзен гол, на Звезда им е виновен Пикси!

Партизан победи со контроверзен гол, на Звезда им е виновен Пикси!
Dik 300x250 mk

Откако Партизан стигна до 1:0 победа над Спартак во Суботица со гол од пенал на пет минути пред крајот на натпреварот, нивните лути градски ривали Црвена звезда се јавија со соопштение во кое велат дека се случил „грабеж во Суботица“, чиј режисер е селекторот на српската репрезентација, Драган Стојковиќ-Пикси.

„Денеска се случи грабеж во Суботица, откако Партизан од непостоечки пенал по повикот од ВАР собата, освојувајќи неправедно три поени. Потсетува на 2017 кога во режија на истиот судија Лазар Лукиќ ни ја одземаа титулата кај Вождовац. Само тогаш режисер беше тогашниот претседател на федерацијата, Славиша Кокеза, а денеска тоа е неформалниот претседател Драган Стојковиќ. Веќе подолго време предупредуваме на сомнителните работи на водството на ФСС од натпревар во натпревар. Нас не чека нерамномерно првенство бидејќи се бориме против здружената група на Партизан и ФСС“, се вели меѓу другото во соопштението на Звезда.

> Партизан победи со контроверзен гол, на Звезда им е виновен Пикси! <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја