Утрински Весник
Свет

ЕУФОР од понеделник ќе спроведува тренажни летови над Западен Балкан

ЕУФОР од понеделник ќе спроведува тренажни летови над Западен Балкан
Dik 300x250 mk

Мировните сили на ЕУ во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) најавија дека од понеделник авионите на ЕУ ќе почнат со тренажни летови над БиХ и Западен Балкан.

Како дел од операцијата „Алтеа“, обуката ќе започне на 7 март и ќе се одвива во наредните недели, соопшти ЕУФОР.

„Носачот на авиони Шарл де Гол моментално е на оперативна обука во Средоземното Море, а од понеделник, 7 март 2022 година, неговиот авион од типот Рафал ќе лета над Западен Балкан, вклучително и БиХ“, се вели на Фејсбук страницата на ЕУФОР.

Како што беше најавено, во светло на влошената меѓународна безбедносна ситуација, а и како мерка на претпазливост, командантот на операцијата „Алтеа“ ја прифати доброволната понуда на Франција во наредните недели да изврши неколку тренажни летови на млазни авиони над БиХ.

„Во време кога безбедносната рамнотежа на Европа е нарушена, ЕУ ја покажува својата континуирана посветеност и решителност да поддржи безбедна и стабилна средина во БиХ и на Западен Балкан“, се вели во соопштението на веб-страницата на ЕУФОР.

Можете да прочитате

Зеленски: Украина нема ништо да му даде на агресорот и нема ништо да заборави

ЕУ размислува за прием на нови членови без право на вето

Израел ја прекинува хуманитарната помош за Газа