Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако државата има доволно пченица, тогаш зошто владата не ги пушти во оптек за да спречи зголемување на цените на брашното и лебот?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако државата има доволно пченица, тогаш зошто владата не ги пушти во оптек за да спречи зголемување на цените на брашното и лебот?

„Владата тврди дека во државата има доволно стокови резерви на пченица, но ништо не преземаа за да го докажат тоа.

Наспроти тврдењата на владата, излезе претседателот на Србија, и кажа дека ќе одвои 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка за Македонија. И дека тоа било на барање на владата од Македонија.

Откако излезе оваа изјава СДСМ излезе со конфузни ставови, од има пченица, до нема, па се до, ако сакаат нека дадат.

Владата е целосно неодговорна и во очи на светска криза се однесува како маркет пред ликвидација.

Владата да преземе веднаш мерки и са пушти пченица во оптек доколку ја има, со што ќе го спречи покачувањето на цените на брашното и лебот кое веќе почна“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

Средба Николоски- Нупнау: Македонија е силно посветена на изградба и модернизација на транспортните коридори

Советот на Европа бележи раст на пренатрупаноста во европските затвори: Македонија со „умерена пренатрупаност“