Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: СДСМ не ги зголемува пензиите, тие го враќаат моделот на ВМРО-ДПМНЕ кој го укинаа

Мицкоски: СДСМ не ги зголемува пензиите, тие го враќаат моделот на ВМРО-ДПМНЕ кој го укинаа

СДСМ не ги зголемува пензиите, тие го враќаат моделот на ВМРО-ДПМНЕ кој го укинаа, ама украдените пари овие три ипол години нема да им ги вратат. Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Штип, кадешто присуствуваше на протестен марш по повод 8 Март.

„Тоа што им го украдоа на пензионерите и за кое што зборувавме уште пред три години, се обидуваат сега да го санираат, претставувајќи го како некој иновативен Швајцарски модел, а тоа е практично законот од пред 2018 година, кој што го укинаа, кога донесоа закон со кој им ги намали пензиите на пензионерите, и сега се обидуваат со некакви трикови да претставуваат Швајацрски модели, во кои нема ништо Швајцарско, можеби само ако останало нешто од скијањето оваа зима на раководството на СДСМ да ги потсетува на Швајцарија. Инаку суштината е дека ова е оној кој што пред да го смени Мила Царовска и Зоран Заев на 21 декември 2018 година важеше“, кажа Мицкоски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во собранието поднело вистинска мерка за покачување на стандардот на пензионерите и пензиите, но за жал тоа не било прифатено.

Можете да прочитате

Министерство за здравство без ниту една препорака до граѓаните за опасниот пожар во Трубарево

Авион, хеликоптер и БТР го гасат пожарот во Трубарево

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите