Утрински Весник
Свет

Рама телефонски разговарал со Зеленски

Рама телефонски разговарал со Зеленски
Dik 300x250 mk

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека остварил телефонскиот разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Денеска добив повик од претседателот Зеленски, кој ми се заблагодари за сè што Албанија прави во овие трагични денови за неговиот народ, за Европа и за целиот свет, почнувајќи од нашата улога на кодомаќин со САД во Советот за безбедност на ОН, до помош дадена за украинската армија, како и интензивното ангажирање на дипломатски канали со важни партнери за поддршка на Украина, напиша Рама.

Додава дека му изразил целосна восхит и поддршка на претседателот Зеленски и на украинскиот народ, како и волја „да направиме сè што можеме за Украина да триумфира во својата родољубива војна“, пишува Рама.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп