Утрински Весник
Свет

Украинците тврдат дека Русија не го почитува прекинот на огнот

Украинците тврдат дека Русија не го почитува прекинот на огнот

Би-би-си јавува дека добиваат извештаи дека не се почитува прекинот на огнот на крајот од евакуацијата на рутата од Мариупол. Сега заменик-градоначалникот на тој град Серхи Орлов објави дека Русите продолжуваат да го напаѓаат градот.

„Русите продолжуваат да не’ бомбардираат, користат артилерија. Ова е лудило. Во Мариупол нема прекин на огнот и нема прекин на огнот долж рутата за евакуација. Нашите цивили се подготвени да побегнат, но не можат да избегаат додека трае гранатирањето“, рече Орлов.

Според претходното соопштение на властите во Мариупол, пукањето продолжува во областа Запорожје, каде што треба да се евакуираат цивили.

Украинските власти преговараат со руската страна за да се потврди прекинот на огнот на целата рута, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Руски балистички напади врз Киев, Украина со дронови нападна цели на руска територија

Минатата година е една од најсушните во последните децении

Администрацијата на Трамп укинала помош од 177 милијарди долари за граѓаните