Утрински Весник
Свет

Страшни информации од Украина: Во заложништво држат странци – заробени илјадници Индијци

Страшни информации од Украина: Во заложништво држат странци – заробени илјадници Индијци

Амбасадорот на Русија во ОН Василиј Небензја изјави дека националистите и Украина насилно приведуваат илјадници странци во неколку градови, вклучувајќи ги Индија и Кина.

Според него, таа бројка е шокантна.

– Во Харков држат – 3.189 државјани на Индија, околу 2.700 Виетнамци, 202 Кинези, во Суми – 576 Индијци, 101 државјанин на Гана, 121 државјанин на Кина. Во Чернигов – девет индонезиски државјани – рече тој.

Амбасадорот додаде дека вчера во Харков националисти пукале во група Кинези кои се обиделе сами да преминат на руска територија. Во таа прилика двајца се ранети.

– Руските војници прават се за да ги евакуираат странските граѓани – рече тој на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Да потсетиме, Русија на 24 февруари започна специјална операција чија цел е демилитаризација и денацификација на Украина.

Во телевизиско обраќање до Русите, рускиот претседател Владимир Путин рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“ и дека народните републики во Донбас и се обратиле на Русија со барање за помош.

Според рускиот лидер, целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на владејачкиот режим во Украина.

Тој ја повика украинската армија да не ги почитува криминалните наредби на украинските власти, да го остави оружјето и да си оди дома.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70