Утрински Весник
Македонија

Министерката за одбрана во работна посета на АУЕ-ФОН

Министерката за одбрана во работна посета на АУЕ-ФОН

Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска денеска оствари работна посета на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН. Посетата на министерката која е резултат на постојниот меморандум за соработка потпишан помеѓу двете институции, се реализираше со цел да се дефинираат понатамошните заеднички чекори и идни активности, кои ќе придонесат за продлабочување на односите помеѓу Министерството за одбрана и АУЕ-ФОН.

За средбата беше заклучено дека досегашната успешна соработка ќе продолжи и во иднина, при што постојниот договор ќе се надогради со нова програма и активности од заеднички интерес за двете институции преку искористување на научните, стручните, професионалните, материјално – техничките и просторните услови од двете страни, во насока на унапредување на вештините и знаењата на студентите од универзитетот и за вработените во Министерството за одбрана.

Во таа насока, двете страни страни на состанокот се согласија дека соработката ќе се интензивира преку практиканство за студентите од АУЕ-ФОН кое ќе се реализира во рамките на Министерството за одбрана, како и преку размена на знаења и организирање на курсеви за доедукација за потребите на вработените од министерството.

„Соработката со образовните институции е неопходна и мора да ја продолжиме, бидејќи образованието ги проширува хоризонтите. Институциите на државата треба да се отворат кон високобразовните институции и заеднички да соработуваат со цел на младите да им се овозможи еднаков пристап во нивна едукација и усовршување“ истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска на средбата со првиот човек на АУЕ-ФОН, Сефер Цаноски.

Министерката Петровска потенцираше дека министерството за одбрана со задоволство ќе ги отвори вратите за студентите од АУЕ-ФОН за да се стекнат со вештини кои што ќе им помогнат во градење на нивната идна професионална кариера.

Директорот на АУЕ-ФОН, Сефер Цаноски пред министерката Петровска истакна дека универзитетот како високобразовна институција со 19 годишно искуство доследно го почитува Законот за високо образование и со своето професионално работење создава кадри, односно дипломи коишто имаат вредност и квалитет.

„Образовните иснтитуции треба да ја задржат својата образовна функција и да креираат кадри кои што ќе бидат подготвени за влез и лесно прилагодување во професионалниот свет. Затоа, нашиот универзитет е фокусиран постојано да инвестира и да се прилагодува на потребите на општеството, при што со нашиот кадровски и студентски потенцијал сакаме да помогнеме и да придонесеме за подобрување во делот на здравствениот систем, безбедноста, економијата и останатите области“, додаде Цаноски.

Работни групи од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и од Американскиот универзитет на Европа-ФОН во наредниот период ќе се фокусираат на изработка на долгорчна програма во која што прецизно ќе се дефинираат идните чекори и активности за соработка меѓу двете институции.

Можете да прочитате

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Мицкоски: Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од 60 милиони евра