Рускиот претседател Владимир Путин денеска се обрати преку видеоврска, за време на церемонијата на подигнување на знамето, на траектот „Маршал Рокосовски“.
Осврнувајќи се на руската специјална операција која е во тек во Украина, Путин нагласи дека Русија одговара само на „негативните дејствија на другите земји”. Тој нагласи дека Русија нема да ги влоши односите со соседите.
„ Немаме лоши намери кон нашите соседи и би ги советувал да не ја ескалираат ситуацијата, да не наметнуваат никакви ограничувања. Ние ги исполнуваме сите наши обврски и ќе продолжиме да ги исполнуваме. Сите наши постапки се создадени исклучиво како одговор на непријателски дејствија против Руската Федерација, тие треба да размислуваат за нормализирање на односите и нормална соработка“ рече Путин.
Тој потврди дека претходно денеска разговарал со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.