Утрински Весник
Свет

Пожар во нуклеарната централа „Запорожје“

Пожар во нуклеарната централа „Запорожје“
Dik 300x250 mk

Руските сили ја зазедоа нуклеарната централа „Запорожје“ во која претходно изби пожар, соопштија украинските власти.

„ Персоналот на електраната ја следи состојбата во блоковите“, изјавија локалните власти за медиумите, пренесува „Ројтерс“.

Зеленски ги обвини Русите дека сакаат да направат катастрофа како во Чернобил.

Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Украинците им рекле дека пожарот во електраната во Запорожје „не влијаел на основната опрема“ и дека персоналот на централата ги презема сите мерки за да се ублажи штетата.

Пожарот настанал во делот каде што се обучуваат вработените.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил