Утрински Весник
Свет

Британија: Големиот руски конвој слабо напредува кон Киев

Британија: Големиот руски конвој слабо напредува кон Киев

Според проценката на британската воена разузнавачка служба, во последните три дена е постигнат само мал напредок во движењето на огромниот руски конвој кој се приближува до Киев.

„ Главниот дел од конвојот што се приближува кон градот од север „останува на повеќе од 30 километри од центарот на градот поради украинскиот отпор, механичките дефекти и доцнењата“, се вели во новиот извештај на британското разузнавање.

Министерството за одбрана додава и дека градовите Харков, Черновци и Мариупол се уште се под контрола на Украина.

Што се однесува до податоците за жртвите во Русија, Британија прогнозира дека реалните бројки се значително поголеми од 498 загинати и 1.597 ранети, колку што официјално објави Москва досега, и дека бројот ќе продолжи да расте.

Можете да прочитате

Уапсен е осомничениот за убиството на Кирк, објави Трамп

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија

Упадот на беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка, смета Трамп