Утрински Весник
Свет

Исповед на студентка од Харков: Не разбуди експлозија, се тресеше цела зграда

Исповед на студентка од Харков: Не разбуди експлозија, се тресеше цела зграда

Индиската студентка Соума Томас (22) се сеќава на моментот кога пред неколку дена побегна од својот студентски хостел во Харков, пишува Би-Би-Си.

-Заспавме кога од креветот не извлече заглушувачки звук, експлозија. Целата зграда се затресе – изјави Томас.

Нападите оставија индиски студенти како неа, заглавени во градот, исплашени за своите животи.

Индија ги засили напорите за евакуација поради логистички пречки, а најмалку 12.000 студенти досега се вратиле дома.

Но, за илјадниците кои се уште се заробени таму, животот е нестабилен бидејќи се засолниле во валкани бункери, пишува Би-Би-Си.

Можете да прочитате

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено