Утрински Весник
Македонија

Колева: СДСМ поддржува Декларација за поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Колева: СДСМ поддржува Декларација за поддршка на територијалниот интегритет на Украина

СДСМ поддржува Декларација за поддршка на територијалниот интегртитет на Украина, рече денеска пратеничката и членка на ИО на СДСМ, Даниела Колева, во одговор на новинарско прашање.

„Во врска со Украина би кажала дека територијалниот интегритет на Украина секако дека го поддржуваме, а воената агресија што Русија ја врши најостро ја осудуваме. Тоа е кршење на основните човекови права“, рече Колева.

Пратеничката на СДСМ додаде дека безбедоста на нашата земја не е загорзена во моментов, упати апел дека нашите граѓани треба да бидат спокојни, бидејќи како членка на НАТО сме сигурни и безбедни.

„Нашите граѓани и ние како земја која е членка на НАТО, треба да бидеме спокојни, сигурни сме и безбедни во овој момент, затоа што НАТО нуди безбедност и сигурност. Ние ја уживаме заштата на најголемиот одбранбен сојуз во светот и за тоа треба да бидеме гордни“, рече Колева.

Можете да прочитате

Сончево со умерена облачност, максималната температура до 33 степени

На ГП Табановце за влез во државава се чека околу половина час

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите