Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Системите за противвоздушна одбрана ставени на подготвеност

Лукашенко: Системите за противвоздушна одбрана ставени на подготвеност

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека сите системи за противвоздушна одбрана во таа земја се ставени на подготвеност, со цел, како што рече, „да се спречат напади во грб на руските сили“.

Министерот за одбрана ме информираше за подготвеноста за покривање на западната граница со уште пет баталјони“, рече Лукашенко на седницата на Советот за безбедност.

Тој посочи дека Белорусија не може да постапи поинаку, бидејќи постојано очекува провокации од западните партнери во политиката, економијата или воената сфера, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на Спутник Белорусија.

Можете да прочитате

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени

Нетанјаху нареди војската да се подготви за целосно затворање на Западниот Брег