Утрински Весник
Свет

И Швајцарија најави усвојување на санкциите на ЕУ против Русија

И Швајцарија најави усвојување на санкциите на ЕУ против Русија
Dik 300x250 mk

Неутралната Швајцарија ќе ги усвои санкциите на ЕУ против Русите вклучени во специјалната операција на Москва во Украина и ќе го замрзне нивниот имот, соопшти денеска владата, нагло отстапувајќи од традицијата на таа алпска земја.

„ Со оглед на континуираната воена интервенција на Русија во Украина, Федералниот совет денеска одлучи да ги усвои пакетите санкции наметнати од ЕУ на 23 и 25 февруари“, се вели во соопштението на швајцарската влада.

Швајцарија усвои и финансиски санкции против рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кои ќе стапат на сила веднаш, се вели во соопштението.

„ Швајцарија ја потврдува својата солидарност со Украина и нејзиниот народ, ќе ги снабдува со помош луѓето кои побегнаа во Полска“, соопшти владата, повторувајќи ја својата понуда да посредува во спорот.

Швајцарскиот претседател Игнасио Касис вчера изјави дека е „многу веројатно“ Швајцарија да ја следи линијата на ЕУ.

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин