Утрински Весник
Магазин

Канје Вест со новата девојка Чејни, двојничка на Ким

Канје Вест со новата девојка Чејни, двојничка на Ким

Клонот на Ким Кардашијан, како што ја нарекуваат новата девојка на Канје Вест, Чејни Џонс, го придружуваше раперот на излегување од „Лоан-депот парк“ во Мајами, по завршувањето на неговиот концерт „Донда 2“.

Есцентричниот Канје (44), сега со ново име, Је, одржа забава за слушање на новиот албум во познатиот стадион со подвижен покрив во Мајами, Флорида.

24-годишната Чејни, Инстаграм-инфлуенсерка, очигледно се инспирирала од модните избори на отуѓената сопруга на Канје. На себе има тесен костум и очила за сонце, слични на оние што Ким Кардашијан ги носеше на неговиот концерт „Донда“ на стадионот „Мерцедес бенц“ во Атланта во 2021 година.

Единствената разлика помеѓу двата костими беа боите, Чејни се одлучи за беж за разлика од смелиот црвен на Ким.

 

Можете да прочитате

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца

Зошто жените живеат пет години подолго

Од Хановер до Кина, 18.000 километри на велосипед низ 19 држави – луѓето се најпријатното изненадување