Утрински Весник
Свет

Зеленски до руските војници: Бегајте и спасете си ги животите

Зеленски до руските војници: Бегајте и спасете си ги животите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, им се обрати на руските војници во видео порака преку „Фејсбук“.

Тој ги повика руските војници да го положат оружјето и да дезертираат.

„Оставете го оружјето. Оставете ја опремата. Заминете одовде. Не им верувајте на вашите команданти. Не верувајте им на вашите пропагандисти. Спасете ги своите животи“, рече Зеленски.

Тој се обрати и до Европската Унија и побара итен пристап на Украина во ЕУ.

„Бараме од Европската Унија итно да ја прифати Украина во нејзиното членство според нова, специјална процедура. Сигурен сум дека Украина го заслужи тоа и дека тоа е можно“, рече украинскиот претседател.

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи