Утрински Весник
Македонија

Пронајдена дрога во тетовско – приведени пет лица

Пронајдена дрога во тетовско – приведени пет лица

Синоќа во 20.25 часот во с.Непроштено, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце ги лишиле од слобода А.С.(58), А.Б.(26), Ч.М.(21) и двајца малолетници, сите од с.Селце, тетовско.

При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., а останатите биле сопатници, биле пронајдени и одземени марихуана и остри предмети.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

СДСМ со реакција по одлуката на Уставниот суд за Резолуцијата за миграцијата

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Судење за „Пулс“: Заврши сослушувањето на вештакот Русески за кој Обвинителството ја проблематизираше стручноста и кредибилитетот