Утрински Весник
Свет

ЕУ го затвора воздушниот простор за руските авиони

ЕУ го затвора воздушниот простор за руските авиони

Европската унија ќе го затвори својот воздушен простор за руски авиони, соопшти денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„Предлагаме забрана за сите авиони во руска сопственост, оние кои се регистрирани во Русија и се под руска контрола. Овие авиони повеќе нема да можат да слетуваат, полетуваат или летаат над територијата на ЕУ. Тоа ќе важи за секој авион“, рече Фон дер Лаен.

Таа најави и дека ЕУ за прв пат ќе финансира купување и испорака на оружје и друга опрема за Украина.

Додаде дека ЕУ ќе се обиде да ја забрани работата на медиумите во сопственост на Русија во Унијата и ќе воведе санкции кон Белорусија.

Рускиот воздушен сообраќај сега се соочува со многу широка зона на забранети летови, поради што авионите мора да прибегнуваат кон заобиколување на воздушните коридори.

„Макфакс“ и претходно објави листа на земји кои досега ја воведоа оваа мерка.

 

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина