Утрински Весник
Свет

Зеленски го отфрли повикот на Путин за разговори во Белорусија: „Минск е руски соучесник“

Зеленски го отфрли повикот на Путин за разговори во Белорусија: „Минск е руски соучесник“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја одби поканата за преговори со Русија во Белорусија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите изјавил дека руската делегација пристигнала во Белорусија на разговори и дека сега ги чека Украинците.

Во националното обраќање во неделата наутро, Зеленски рече дека останува отворен за разговори на други локации кои не покажуваат агресија против Украина.

„Минск е соучесник во руската инвазија“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека разговорите во Минск можеле да бидат можни доколку Русија не ја нападнела Украина од белоруска територија.

Тој нагласи дека синоќа била брутална ноќ, како и дека цел на гранатирањето била цивилна инфраструктура, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија