Утрински Весник
Спорт

УФЦ: Махачев го „суреди“ Грин за една рунда, па побара меч за титула

УФЦ: Махачев го „суреди“ Грин за една рунда, па побара меч за титула

Ислам Махачев го направи тоа што е потребно да се промовира во кандидат за УФЦ титулата во средна категорија, доминирајќи против Боби Грин на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас по што изјави дека е уморен од чекање и дека сака појас.

Махачев заврши со технички нокаут по 3 минути и 23 секунди во првата рунда, откако прво го „притисна“ противникот кон кафезот, го собори и потоа безмилосно го удираше додека судијата Херб Дин не го прекина мечот.

„Сакам меч за титула. Не ми се чека веќе, уморен сум од овие работи. Подготвен сум, тука сум“, изјави Махачев.

Грин беше доцна замена во мечот, откако Бенеил Дариуш ја скрши ногата и мораше да се повлече. Титулата во лесна категорија е кај Чарлс Оливеира, кој ќе го брани појасот против Џастин Гетџи на УФЦ 274 на 9 мај.

30-годишниот Махачев, пуленот и дагестанскиот сонародник на Хабиб Нурмагомедов има 10 победи во низа и 11 во последните 12 меча.

> УФЦ: Махачев го „суреди“ Грин за една рунда, па побара меч за титула <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина