Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Конте не си оди од Тотенхем, но признава: Не сум навикнат да губам

Конте не си оди од Тотенхем, но признава: Не сум навикнат да губам
300x250 opst2

Антонио Конте се извини за „заканите“ за заминување од Тотенхем по разочарувачкиот 1:0 пораз од Барнли во средата и побара неговите фудбалери да бидат лути на ист начин како што тој е лут по разочарувачкиот резултат.

Италијанскиот тренер, познат по импулсивните одлуки за заминување од претходните клубови во кои работел, по четвртиот пораз во последните пет меча изјави дека „можеби не е вистинскиот човек“ за клубот, но сега вели дека не мисли да си оди.

„Не сум блиску до заминување. Моите зборови беа многу, многу јасни и кажав дека не е нормално во последните пет меча да губиме четири пати. Кога ќе се случи ваква ситуација мораш да направиш проценка зошто тоа ти се случува и да бараш одговор. Нормално е, бидејќи јас не сум научен да губам на ваков начин. Кога бев фудбалер и сега кога сум тренер. Имам големи надежи за моите фудбалери и клубот. Сега е време да се работи напорно. Ги повторувам истите работи – потребно ни е време и трпение. Клубот знае каква е нашата ситуација и се задоволни од работата, но за четири месеци не ги сменивме сите работи. Сакам моите фудбалери да се лути како мене и да го искористат тоа“, вели Конте.

> Конте не си оди од Тотенхем, но признава: Не сум навикнат да губам <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица