Утрински Весник
Свет

Украина е подготвена да преговора со Русија за неутрален статус

Украина е подготвена да преговора со Русија за неутрален статус

Украина е подготвена да преговара за неутрален статус со Русија, но бара безбедносни гаранции, изјави денеска советникот во кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подољак.

Претседателот на Украина, Волдомир Зеленски, денеска оцени дека Москва ќе мора да разговара со Киев за запирање на инвазијата, наведувајќи дека колку побрзо почнат разговорите, толку ќе бидат помали загубите на Русија.

„Украина секогаш оставала и остава простор за преговори, дури и сега, кога Русија започна масовна инвазија“, рекол Подољак, а пренесува украинската агенција УНИАН.

Тој истакна дека војната и непријателствата мора да се прекинат.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен