Утрински Весник
Магазин

К-поп кралевите „БТС“ добија глобална музичка круна втора година по ред

К-поп кралевите „БТС“ добија глобална музичка круна втора година по ред

Јужнокорејските суперѕвезди „БТС“ во четвртокот беа прогласени за најдобар глобален изведувач (IFPI Global Recording Artist) за 2021 година , што ги прави првиот изведувач/бенд што ја освоил наградата две години по ред.

Седумчлениот бенд момчиња го предводи светското лудило за К-попот од 2013 година со своите оптимистички песни и танци, создавајќи огромна и лојална база на фанови ширум светот.

Минатата година, нивните синглови Butter, Permission To Dance и My Universe, заедничко издание со „Колдплеј“, се најдоа на врвот на американскат „Билборд Хот 100“ листа.

Тие продолжија да уживаат во успехот дома во Јужна Кореја, а нивниот албум со најголеми хитови на јапонски јазик, BTS, THE BEST, се најде на врвот на јапонската „Орикон“ листа на албуми на крајот на 2021 година, првпат за не-домашен бенд по 37 години, соопшти меѓународната федерација на фонографската индустрија (IFPI).

Можете да прочитате

Експеримент со ембриони од глувци во вселената отвора нови прашања за развој на живот надвор од Земјата

Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата

По гребените на Шар планина и Кораб: Македонија има нова планинарска трансверзала број еден на Балканот