Утрински Весник
Свет

Карл Нехамер очекува и трет пакет санкции против Русија

Карл Нехамер очекува и трет пакет санкции против Русија

Австрискиот канцелар претпоставува дека ЕУ ќе го усвои третиот пакет санкции против Русија, кој ќе содржи уште потаргетирани и поинтензивни мерки.

Откако во Советот на ЕУ беше усвоен пакетот казнени мерки против Русија за нападот врз Украина, Нехамер рече дека третиот пакет, кој веќе се подготвува, ќе биде насочен кон оние лица кои имаат моќ и влијание во Кремљ.

Тој додаде дека веќе се разговарало за дополнителни санкции, бидејќи „силата на руската агресија надминала сè што се очекувало кога се подготвувале санкциите што сега биле усвоени“.

Можете да прочитате

Масовни протести во Франција, запален и еден полицаец

Пукање во Калифорнија, едно лица загинато, шест повредени

Трамп: Глупави луѓе инсистираат на нови санкции против Русија