Утрински Весник
Свет

(Видео) Руски оклопни возила во Киев, властите им порачаа на граѓаните да спремаат молотови коктели

(Видео) Руски оклопни возила во Киев, властите им порачаа на граѓаните да спремаат молотови коктели

Руски сили влегоа во главниот град на Украина. Според украинските власти, Русите влегле во населбата Оболон. Во моментот таму се водат борби.

Извршниот директор на истражувачката страница Bellingcat, Кристо Грозев, објави снимка од истрели од огнено оружје во предградијата на Киев.

Украинското Министерство за одбрана ги повика граѓаните да останат во своите домови и да подготвуваат молотови коктели. Населбата во која се водат борбите е на девет километри од центарот на Киев. Украинската армија претходно објави дека борбите против колоните руски оклопни возила се водат во Димер и Иванкив, предградија на Киев.

На социјалните мрежи се појавија снимки од руски оклопни возила на улиците на Киев. Според Би-би-си, тоа е во областа Оболон.

Видеото е снимено од локални жители.

Можете да прочитате

Трамп: Путин ме разочара – 24info.mk

Зеленски: Ослободивме 160 квадратни километри и седум населени места во Доњецкиот регион

Два украински дрона нападнале голем руски петрохемиски комплекс