Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украина под чад и рушевини – маж плаче над телото на татко му: „Му реков да бега“

Украина под чад и рушевини – маж плаче над телото на татко му: „Му реков да бега“
Dik 300x250 mk

Украинците денеска се разбудија во земја која не ја препознаваат – полна со урнатини, чад и руски тенкови, додека се слушаа експлозии и сирени за воздушна опасност.

Во паника, многумина побрзаа да набават залихи и да избегаат што подалеку.

Иако Русија изјави дека напаѓа воени цели, меѓу загинатите и повредените во Украина има и цивили.

Русија денеска изврши симултани напади од југ, исток и север, по копно и воздух, при што до пладне загинаа најмалку 40 цивили, вклучително и едно момче во станбена зграда во Харков, соопштија украинските власти.

Повредени се и други цивили, а се верува дека уште некои се убиени во 203 напади на руските сили досега, соопшти украинската полиција откако тенковите ја преминаа границата и војниците паднаа со падобран во источните региони претходно денеска.

Луганск, Суми, Харков и Чернихив во источна Украина известија дека биле нападнати, а експлозии биле пријавени и на запад – во Житомир и Лавов, во близина на границата со Полска.

Денешните слики го покажуваат вистинското лице на војната со цивили потопени во крв на кои им помогнаа службите за итни случаи да се спасат по гранатирањето.

Во источниот украински град Чугујево, син плачеше над телото на својот татко меѓу остатоците од ракетниот напад во станбена област.

„Му реков да си оди“, плачеше човекот неколку пати, покрај искривените остатоци од автомобилот.

Во Киев, главниот град на Украина, воздушните напади почнаа пред зори, а звукот на експлозии, пукотници и сирени се слушаше низ главниот град на три милиони луѓе, објави Ројтерс.

– Се разбудив во пет наутро со звуци на експлозии – изјави Ивана Климпуш, пратеничка од Европската солидарна партија, зборувајќи за Инсајдер од нејзиниот дом во Киев.

Во меѓувреме, главниот меѓународен аеродром во Киев беше погоден во првото бомбардирање на градот по Втората светска војна, а сирените за воздушен напад се огласија над главниот град во мугрите.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Индонезија

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати