Утрински Весник
Култура

Групна изложба „Колонија 8“, на уметничкото здружение „Училница осум 8“

Групна изложба „Колонија 8“, на уметничкото здружение „Училница осум 8“

Во петок, 25 фебруари, во 19:30 часот, КСП Центар – ќе биде отворена групната изложба „Колонија 8“, на уметничкото здружение „Училница осум 8“

На изложбата своите дела ќе ги претстават: Симеон Арнаудов, Предраг Јаневски –Драшко, Соња Поповска-Трајковска, Евгенија Трајковска, Трајче Блажевски, Фехим Хусковиќ, Нела Јанковска, Гордана Николоска Петрова, Ладислав Цветковски, Владимир Величковски, Озбег Ајваз и Вера Симовска.
Здружението на автори Училница осум 8 е формирано 2021 година.

Здружението брои десет членови со профилирана творечка индивидуалност кои на изложбата ќе се претстават со по две дела, скулптури, слики и графики. Станува збор за ликовни педагози кој се активни и на планот на ликовното творештво.

Во својот осврт кон делата вклучени во изложбата, критичарот и уметник Проф. Владимир Величковски истакнува:

Предраг Јаневски негува скулптура со тотемистички белези во која се испреплетуваат елементи од метал и дрво.

Симеон Арнаудов е познат со скулптурите во мермер во кој пластичниот момент е споен со линеарниот благ ритам. Во оваа пригода тој се претставува со фигура на ракометарка (во полиестер) во момент кога се подготвува да ја фрли топката.

Соња Поповска-Трајковска разновидно обработените елементи во теракота ги организира во вертикала со симболични монументализирани белези. Нела Јанковска со линеарните назабени облици на фигурата во метал, изразува немир и страв.

Озбек Ефенди металните елементи ги поврзува во ритам кој стреми кон ширење во просторот. Гордана Петрова во бронза изработила реалистичен портрет со индивидуални црти.

Фехим Хусковиќ е сликар на модерен пејзажизам еволуирајќи кон слободни колористички состави во кои го поврзува темпераментниот гест и урамнотежената организираност на целината.

Трајче Блажевски е цртач и графичар кој врз правоаголна основа суперпонира неколку површини со суптилно разиграни линеарни предзнаковни структури.

Ладислав Цветковски во дигитален принт реализира линеарно обработена композиција со разновидни значења: мотив на очи со крстообразна форма и двосмислена сугестија на подотворена „усмина“.

Евгенија Трајковска е стрип цртач која се представува со линорез и мотив на „Монструм“, гротескен лик поставен на кружна основа, еден вид на „црно сонце“.

Авторот на текстот со своите темпери ја следи основната линија на своето сликарство: спонтано предадена колористичка експресија во која е содржан немир.

Текстот Групна изложба „Колонија 8“, на уметничкото здружение „Училница осум 8“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“