Утрински Весник
Свет

Џонсон за Путин: Никогаш нема да може да ја избрише украинската крв од рацете

Џонсон за Путин: Никогаш нема да може да ја избрише украинската крв од рацете

Борис Џонсон во моментов и се обраќа на јавноста во Долниот дом во врска со рускиот напад врз Украина.

Тој рече дека Путин денеска имал уште едно телевизиско обраќање во кое понудил апсурден изговор дека сака да ја демилитаризира и денационализира Украина.

– Тој всушност напаѓа мирен сосед, прекршувајќи го неговото имплицитно ветување и секој цивилизиран принцип на однесување меѓу државите.

Џонсон додаде дека Путин никогаш нема да може да ја избрише украинската крв од рацете.

„Сега го гледаме онаков каков што е, крвав агресор кој верува во империјализам“, рече Џонсон.

Тој додаде дека Велика Британија прави се за да го зачува мирот и да ја поддржи Украина.

Тој најави и дека Велика Британија ќе го воведе најголемиот и најстрог пакет санкции што некогаш биле видени.

Можете да прочитате

Масовни протести во Франција, запален и еден полицаец

Пукање во Калифорнија, едно лица загинато, шест повредени

Трамп: Глупави луѓе инсистираат на нови санкции против Русија